не (чест.) - добива (гл.)

Но и понатаму тешко се живееше. Давачките за државата беа големи, ништо не можеше да се купи без купон, а сите не добиваа купони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Формата на моето битие го дефинира просторот и времето во кое постојам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ла Мама има добивано средства од Израел па и од бивша Југославија за својата „отворена” активност, но никогаш од Америка. Не добиваат цент ни сега.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кој ги финансира Ла Мама или Паблик театар во Њу Јорк или било која off сцена? Државата најмалку.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А што се однесува до луѓето, можеби ќе се поврзам пак со нив, со нив на кои мислев секогаш кога имав успех во животот и во исто време незадоволен што тие не знаат за тој мој успех и што не добивам признание токму од нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби на прв поглед се чини дека, во ваква строга поставеност на нештата, нема простор за никаков проблем – бидејќи тешко може да се наиде на пречка во јасно дефинирани услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен притисокот врз здравјето од тамошната мачна работна атмосфера, постоеше и притисок од страна на тогашната извршна власт – која, според В.И., бесправно земала, давала и продавала дел од производите со кои работела фирмата, а работниците не добивале никаков надомест за тоа!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После 2000-та приходите во угостителската единица почнуваат значително да се намалуваат, а исплатата на платите почнува да задоцнува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тие минимални приходи што ги остварува угостителската единица во овој период продолжуваат да се слеваат во централната сметка на Центарот, и како по правило, угостителската единица не добива ништо за возврат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, барем во одделот каде што таа работеше, постоеше солидарност и добра соработка меѓу колегите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Децата не добиваа љубов, љубовта не допираше до нив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)