не (чест.) - дава (гл.)

На некои места имаше дамки рѓа, но металот беше таков што не даваше значително да биде нагризан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пејте, извикува одново и тие пеат сѐ дури првиот старец не изусти: Аларах, Римјаните не даваат ни петаче злато.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пејте, извикува Аларах и распознава во подножјето тројца старци како се искачуваат кон него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нема повеќе ебавање без пари. Живот даваме, мозок за џабе не даваме. Пари бараме мозок да продаваме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тодор исто не даваше да се чува огледало во куќата, но стрина Спасија, мајка ѝ на Руса, која беше исто убавица, не можеше да го прежали огрубувањето на ќерка си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Молк и многу тага го поплати селото; молк во куќата, во дворот, само во умот неуморно кружи, гребе и длаби мислата и не дава да се смири срцето, да се прибере, ден да се пречека со надеж, ноќ да се преспие без болка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одевме полека, многу бавежно. Старите не даваа да забрзаш чекор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Почина ноќе и на гробиштата под ритчето ноќе во плиток гроб беше погребот. Не даваше скрката подлабоко да се копа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
139. За жал, дури и кога Мисирков наведува конкретни цитати од други автори, никогаш не дава поблиски библиографски податоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Патрокле не дава пари лесно. Којзнае што може да стане во оваа проклета зандана?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Заем не даваш... преврти ги џебовите!“ Патрокле не може да каже збор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не давам, што ми можеш. Слободен сум јас човек!“, ќе речеш и ќе се притопориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Не давај ме да умрам, мајко, ми вели Ѕвездан, не давај ме, мајчеле, однеси ме некаде, вели, скријај ме, мајчеленце, вели, се моли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ветво алиште не се крпи. - Не давај се, Јоне, не предавај се, го молам, и се крстам над главата негова, над иконата негова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како било, нели жив ми се врати човекот, петпари не давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може некој светец стоеше пред него и не даваше да помине куршумот, да го удри војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не давајте нѐ да нѐ јадат Арапине, велат, стрелајте нѐ, ама не давајте нѐ да нѐ јадат. - Ааа, што била работата, велам, ами кој ве плашеше така? 211
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не можеш да се омажиш за оној стар и исушен жабок. Не давам, разбираш, не давам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што ти, е, ѓаволе? излегла од куќата Фиданка Кукникова. - Што сум ти ветила, кога?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не давајќи глас од себе, го извади самарот од зад лежиштето и појде со момчињата кон стајата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
РИСТАЌИ: (се шегува). А-ха, ве заплашувам: „Ќе се фрлам низ пенџере! Не давајте ме... држ’-те ме!“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ниту зборовите, ниту сините модринки не даваа резултат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тоа опуштање не даваше резултати. Сепак, надежта никогаш не ги напушташе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кутрите никако не се даваа, до последната капка сила се бореа, викаа: Не давајте нѐ браќа! Не!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А газда Таки молчеше, не даваше никаков одговор и гледаше замислено во далечина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Слабо, скоро нечујно офкање го охрабрува другиот:е „Не давај се, Кара-Демире ... Овде сум, бдеам над тебе.“ ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа вака го објасни тоа: „ Кога водиш љубов, ти употребуваш енергија, а потоа се чувствуваш среќен и пет пари не даваш за ништо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште гроб му градиш и чест му држиш... Јас не давам раска да падне на тебе, а ти?!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Во принцип, не даваме информации.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го знајте, зет му на дедот Ѓура. Токо, јас се плаша дали ќе кандиса, сирома, оти децата му се ошче малечки, та може човекот ќе бара некоа сиромашка, да се прежени, а канонот црквени не дава преженет човек да застане на алтарот и да служи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Биди жив и здрав, ќе си одиме и ќе а земиме Рожденкината чупа. Пет пари да не даваш од попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јок „ти толку најде толку да дајш", јок „не најду толку, не давам волку", — ќе си направиме омразиа меѓу нас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најди пари, откупи ме, откупи ме од татко ми!... Не давај ме на друг, Костадине!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Очи црни ископајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете срце лудо наранете.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И тогаш асмата се разбуди меѓу нашите семејства крај Езерото. Најчесто ја предизвикуваше зависта. Не даваа некој да се искачи над другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ќе му однесам“, рече Марко, „само кажи му под сто кила не давам“. „Е, ебаго. Што ќе прави со сто кила?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Намигна. „Слушате ли? Не дава!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не даваш за да пукаш во нас.“ Тишина. Исчекување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Туку, друго да те прашаме, - рече Србин не давајќи му да размисли за разговорот што го водеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ништо не сторивме, - рече тој. – Не дава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не давај ме, Томче, не давај ме на друг! Поарно отепај ме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Стојанке, гулабице моја, душо моја! (Сака да ја прегрне.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама, глас не давам, не велам ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас нога не давам, велам, немам нога за фрлање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Такво е времето, вели, секој да сака, а никој да не дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се засркнам, не можам да завршам. „Девојките од Сиера Морена...“ не давај се, Небеска, си велам, а вилиците ми се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајко мори, не давај ме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тогаш не давам нога да ми сечат, велам, двете нозе ќе ти ги чувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Криминалците не даваат пари, туку земаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не даваше ни роса да падне на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тоа ќе рече, дека кога помагаме, кога даруваме, не даваме од човечки побуди, од добрина, туку со сметка и интерес. Да си признаеме, тоа е себичност.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Инаку, подобро е и да не даваме, подобро е да не помагаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Симон ракија, Симон ракија, Симоне чаша вода, Симон чаша вода, Симоне не ваква ракија, онаква ракија, Симоне побрзај, Симоне држи, Симоне не давај, секаде Симон, за сѐ Симон.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вие седите овде и не давате чашка ракија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)