не (чест.) - врти (гл.)

- Ма, дај Радо, не врти како дожд околу Крагуевац. Кажи ми што сакаш да ми кажеш. - Па кога веќе запнуваш, отворено те прашувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас, луѓе, слегвам. И вие не вртете се! (Излегува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но, не можеше ништо да смени, па затоа фокусирано одеше право накај бакалот, не вртејќи се налево, надесно, радувајќи му се на сонцето и уживајќи во опојниот пелистерски воздух.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Детето спие до мене, му го слушам дишењето, но не вртам глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не врти ми го газот!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не вртејќи се, викна нешто на турски и се потргна од вратата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот, не вртејќи се, се готви да воздивне, но место тоа шмркнува само.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стрико Благоја, не вртејќи се кон него, го стисна лулето в уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)