не (чест.) - вика (гл.)

Кузман ги запре со глава: им влеа тој храброст и веднашка гласник ни прати — в борба не викаше.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не викај толку и седни да не си а земиме бељата сите да не исколе Адем, — почна да го смирува стрико му Куле, — та ти шо не ќе стоиш да те продаваат, тоа друг есап е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првпат тој е наспан и се чуди за тоа што никој не вика, не наредува, нема истрели, туку само шум на планинска река...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто никогаш не викаат така за нешто што е навистина важно ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа Анка го исполни со задоволство: татко му е среќен, не вика, не е бесен. Ете, и потпевнува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
НАЦА: Не викај, не викај, попови ти викале над глава! Не знаеш дека чорбаџијата спие?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бргу, чорбаџиката те вика. Иј, полека, шлека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Михајло, о, Михајло! Не викај, вели Оливера, никој не слуша во овој метеж.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не викај, те слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но никој не се жали и не вика: „Не играм“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И како се осмелуваш да говориш, ти, совршена кукло која не вика мамаааа, кога ќе ја свиткаат?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Не викај, вели. - Ќе викам, велам сега јас ќе викам сите да чујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)