не (чест.) - бега (гл.)

— He бидуа татко, не бидуа! — излезе Крчо отворено, — Ако беше арна Анѓа, ти не бегаше од неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го видоа ова Илија и Митре, и овој последниот позабрза пред Толета и уште оддалеку почна да вика: — Селани! Не бегајте, не плашете се!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бегај, зрачко! Славчо се мушна меѓу рибизлите да го побара зракот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не бегам, господине, одам по детето во парк“, му раскажувам, а тој ме мери и не верува, го отвора гепекот... и оп!... му се посреќи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но не бегам ли од човечкото безредие на село што умира под рамнодушноста на совремието? ја најде причината: затоа мислеше дека е уште власт, дека треба уште да биде тоа. Затоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој не бега, негде збор да не се чуе што бомбашот страшен исплашено бега, за надежта млада безразлично му е, не се плаши мртов да падне тој сега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ирина ја потклоцнува со ногата, но Жења не бега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фалена невеста си, окутро го, не бегај од сваќава. (кон Василка).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да не бега од тебе се што ќе те види, та дури и мечките, волците.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Види се, бре момче, од глаа до појас си позлатено и од појас до нозе сиот си стребрен, покри се да не се гледаш, оти така лошо ќе патиш - му рекол старио и се вратил назад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Удрил старио маската да поминит, не можел да поминит идал вик по момчето: - Стој, бре момче, не бегај, да ти кажа нешто, стој, бре момче, не бегај!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И покрај нашите постојани предупредувања да не им помагате на комунистичките бандити, да се откажете од секакви злосторства против нашата војска, да не ги криете оние што ни пакосат, да не бегате и да не им се придружувате на голтарите в шума - вие сето тоа дрско го отфрливте и го погазивте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Размислувај и не бегај од она што во себе го сметаш за вистината, зашто само по тоа луѓето се ценат и се сакаат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само ние моравме да стоиме на дождот: не бегаше ни мајка ми, ни дедо ми ни јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не бегам, велам јас, идам да ви кажам дека целиот мој вод загина. Бре! ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)