ли (чест.) - не (чест.)

Што ли не се случува во војна?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ах Митро, ах брлива главо! Толку ли не ти текнуваше оти тиа жени шо ќе дојдат за етрви носат деца?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На „Клианкур“ можат да се купат и мајмуни, змии, мебел за кучиња, војнички униформи, сандали, петарди, стари носии, дршки од износени очила и уште што ли не ... А купувачи има.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги има секакви - ромбоиди, паралопипеди, и уште какви ли не други невозможни форми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Абе ти, толку ли не си вешт да ја прочиташ фарсата? А згора на тоа си и професор, писател, и што уште не.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Врати се, мора да го обновиме нашето убаво засолниште, нашиот заеднички кревет кој веќе не е ниту испотен, ниту жежок, ниту буден, ниту гласен (затоа ли не се крши).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја облекуваше, ја соблекуваше, ја капеше, ја чешлаше. Што ли не правеше со неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Секогаш љубопитен и желен за нови сознанија ги распрашуваше твоите пациенти за многу работи и од нив учеше и собираше информации и знаења, за земјоделието, за ловот, за риболовот, за науката и што ли не друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Заѕвони телефон, еден од трите негови на масата, па, нели политичар, бизнисмен, ДРОБАЧ, судија, менаџер и што уште ли не.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сопчето, во кое се живееше, во кое имаше две ниски легла од двете страни на огништето, беше натрупано со разни чисто килибарски предмети: качиња, бутим, дрвени паници, буклиња, ниски триножни столчиња, разни грнци, сито, решета и што ли не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Никогаш ли не си ги видела? - се зачуди Бојан. - Никогаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали некој може ли не може да работи, никој не го праша. Грбачот е исто што и остенот на воловите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А пред тоа што ли не се зборуваше! Сѐ најлошо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако ли не се вратиме, љубезни мои проштевајте. Песната ви ја обелоденивме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако ли не, кат пораснеш, ког' јунак ти станеш, срце ти кога затупа, в жили крв заврие, негли, синко, ште отплатиш на мој клетиј крвник...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)