ли (чест.) - нешто (прил.)

И командантот му се плаши. Му можеш ли нешто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Застанав и излегов од колата. Сопругата вознемирено ме праша: - Што е? Се случи ли нешто?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Што, што говори, слатки сестри? Разбирате ли нешто? се тресеше над паднатиот старата Влаинка, збрчкана, црна, слична на оџачар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ја црпев секоја можна инспирација. Си велев, има ли нешто пофино, од утринското сонце, во тукушто започната летна сезона.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)