ли (чест.) - еднаш (прил.)

Ќе заврши ли еднаш моево трускање по патиштата на Европа и Азија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ќе потече ли еднаш водана, мислеше, ќе се откине ли таа од оној мраз, и ќе ја плисне ли еднаш својата сила во црнине копанчиња на турбината долу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)