ли (чест.) - тоа (зам.)

Што ли тоа расте овде? Агави, лепезасти палми и тамариси?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не покажува ли тоа оти пошироки реформи од оние што ни беа дадени ќе можевме да добиеме и без револуција, а само со вешти, мали народни движења?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи ли тоа, тогаш, дека само тој има сеќавање ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Слушај. Колку повеќе мажи си имала, толку повеќе јас те сакам. Го разбираш ли тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го гледаш ли тоа чудо што зјапа во тебе? Тоа е последниот човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам кој ме вовлече во таа игра; беше ли тоа Нинослав, беше ли тоа Круме Волнаровски, беше ли тоа разработен план или само игра на случајот?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам, но во лавиринтот јас влегов како Ема Ендековска, со силна страст и енергија за успех.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Се јаде ли тоа! – му велам просто вчудоневиден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во подигањето на џамијата, сигурно знаеш, учествувал мајсторот Хусеин, од Дебар. Ти кажува ли тоа нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе го сториш ли тоа за нас? Сѐ што е наше го оставаме на манастиров.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рајана не може харачот да го плати, а од тебе ќе се бара до акче да ни изброиш и без пари да не ни идеш пред очи. Сакаш ли тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да му го кажеше ли тоа, или да почекаше?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот на Тајко затрепери. Значеше ли тоа дека работите се редеа во негова полза?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СПИРО: Е, чорбаџи Томче, подека, не е право: не можеш на коњот, туку удри на самарот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Веќе влегол.) Па, што е малку црна и за тоа црно под ноктите. ТОМЧЕ: И ти ли тоа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мерено според тамошниот календар, околу седмиот или осмиот ден ноември – значи, приближно по триесет минути – заврна, ситно и густо, есенски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- И? Се случи ли тоа? - Секако. Ме роди мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не беше ли тоа северната цибрина со своите бели ноќи?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што е тоа психијатрија, каква ли тоа наука, каква струка, каков занает?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Значи ли тоа дека се заречуваш оти веднаш потоа ќе ми се вратиш в прегратки?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А знаеш ли ти дека не умееш да разговараш со луѓе? Те молам, знаеш ли тоа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рикаа ли тоа сите можни страсти во неговиот ум, почнувајќи од прејаденоста што понатаму ја произведуваше желбата за блуд, мрзливоста, самофалбата, лакомоста, самољубието!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го сфаќаш ли тоа - се наднесе Роза преку масата. - Доаѓа по полноќ, влегува како крадец. Ниту да го слушнам, ниту да го видам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Само кога би замислила желба и кога би се одвезла со забревтаната кола по некој од оние селски патишта, обгардени со дабови дрвореди какви што беа некогаш, би го сторила ли тоа?“ инсистираше тој, гледајќи во неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Го заслуживме ли тоа?“ праша таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)