и (чест.) - назад (прил.)

Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Врат -невралгично место- Вратот – влезна врата на Микена (сите гробници не се за јавност) од талогот на потсвеста – повест во неа преврати, и напред и назад обрт на предметите од вредност уметност-не-заради-уметност: дваесеттиот век стапува ненадејно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И додека траеше растоварувањето на сандаците и товарувањето на ранетите, крадевме од времето за да дремнеме, да исправиме нозе и грб. И назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледаше и напред и назад. Велеше: „Сум и ќе да бидам“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)