и (чест.) - инаку (прил.)

Но поговорката може да се сфати и инаку: дај малку, за да ти вратат многу, или со малку труд да добиеш многу!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Соколе ја сфати суровоста на овој миг, кога треба да ја испита во најнеобична мерка вистината, која и инаку ја знае.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ајде тој веќе има зошто да се лути: задоцнил. А и инаку пишман е што се родил...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но не беше сега тоа многу важно. На Пискулиев повеќе му тежеше што со ова свое крштениче си зема уште една грижа на својата и инаку мачна глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Туку, може да е од што ти е мака на душата... за лозјето... Е, и мене ми е жал, туку...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)