и (чест.) - огромен (прид.)

Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тие последици, освен смртните случаи, спаѓаат и бројни здравствени проблеми (вклучувајќи го и огромниот пораст на ризик од сида и другите болести кои се пренесуваат по полов пат, како и оштетувањата на фетусот), потоа распаѓање на семејствата, негрижа за децата, губење на работата, а со тоа и на заработката и куќата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со него би можеле да се согласиме само во случај да ги занемариме силните и сѐ побројни докази за штетните последици од ендемската наркоманија во најзагрозените општествени групи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)