и (чест.) - преку (предл.)

А татко само се наведнува и - фати фрли, ми ги исфрла спиците преку куќа, преку река, а може и преку село ми ги исфрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И преку налегнатите камчиња му го слушам срцето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто како кога се готви за врнење: кога ластовиците летаат ниско, а мувите касаат и преку алишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговите прсти ми жежат и преку алишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што се знае, стока извезував и преку Трст за земјите на таа страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
82. И самиот Мисирков на други места зборува дека бугарското име во Македонија не е резултат на дејноста на Бугарската егзархија, туку реликт од средновековјето, но овде тој секако го има предвид воведувањето на ова име и преку турската администрација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А Фоте, кој беше навикнат па и отрпнат на зајадливите забелешки од Маре, помина и преку оваа со тоа што ја премолче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)