и (чест.) - свет (имн.)

Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите кои беа во офицерскиот дом, во тие неколку часови беа далеку од сите проблеми кои ја тресеа земјата, а и светот во тоа време од човечката историја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, жените си се жени, имаат слаба точка и пред таа слаба точка не ги затвораат устите, па нека пропадне и светот ако треба.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Навидум исклучив сѐ друго, и луѓето и светот, но знам дека тоа беше така затоа што тие луѓе и тој свет беа премногу, на подзатскриен начин, присутни во тие мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)