и (чест.) - лист (имн.)

И листот на кој му недостасуваше твојата јунаштина Мртов им го враќаше на своите корени Гладна за едно колено Двојно што ќе те надвиши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ѓавол да го земе и лисјево што ни шушти под нозете, зашто чичко Петре стопати налутено ни рече да внимаваме и кроце да газиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во мене: Кај се кријат И живеат И листот И Книгата. утеха Ако нема Измисли утешение: Штом заврши овој пат Овој друм Побарај ме на друг Там ќе сум.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И лисјата се весели и светкаат небаре монистра на коњска узда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)