и (чест.) - име (имн.)

Има во нив и историја, и имиња на топоними, описи на обичаи, народни песни, ора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му го кажаа и името на барот. „Нели ќе дојдеш?“ му вели малечката и авторот знае дека малечката е мамката и дека е ова добро уигран тим.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од разлози такви и име добив од отците овде, кои Иларион Сказник ме нарекоа, штом проговореа устата моја и јазикот мој, шестмесечен уште.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако би станало нужно, јас би можел да спомнам и имиња и детали...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Почна да се спомнува и името мое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Треперам и не знам што ќе речеш кога ќе споменам дека ѝ го знаев и името, кое пред тоа никогаш не бев го чул.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И одеднаш го слушам и името на мажот ми... Никифор Абазовски, вели, од...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ушите ми зуеја сѐ дури до првиот звуков израз на војничката труба за будење во ЈНА. Таму сѐ забораваш, дури и името.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)