и (чест.) - нѐ (зам.)

И не ли е нашето превидување на таа промена само придружна појава на истиот оној машки кукавичлак што и нѐ донесе во оваа кал и понатаму затрупувајќи нѐ во неа?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Почнавме да врескаме, да свиркаме, да полудуваме; при секое качување на некое од девојчињата на разбојот да му го правевме на Земанек истото (викавме: „О-ооооооо-ооп“); девојчињата се вцрвуваа, нѐ молеа да престанеме така да се однесуваме, некоја од нив и нѐ опцу, рече дека сме кретени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој и нѐ поздравува со непроменливата насмевка - клише.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)