и (чест.) - никој (зам.)

Никој ништо не одговараше, а можеби и никој ништо не слушаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема Мече ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Јас!... се исперчи парталкото – Само јас! Јас и никој друг.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И никој не ќе го забележи новиот живот на едно умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетила - по неколку месеци ќе прсне искра од чобански оган и ќе се присокрие во сув мов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Господару“, реков, „Јас гледам, но не знам како и зошто вие и никој овде не гледа; па еве, во ова парченце има дел од косата на ќерката твоја, како абоносово дрво што е; ова е дел од устата, како калинка што ѝ беше, ова е дел од окото гулабово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таквите луѓе не плаќаат наметок ни житен, ни вински, ни месен, ни сирен, ни затвор пазат, ни гласници бидуваат, не се дозволува што било да им се земе - било коњ, магаре, вол, а и државна такса не плаќаат, ниту глоба на кој било чиновник, како и самоволно да бидат апсени поради клевета, непослушност или друго, па и никој да не им суди, зашто на ваквите луѓе им суди само манастирскиот суд и игуменот.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Па има некоја причина, но јас не ја знам, а можеби и никој не ја знае, - велам јас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)