значи (чест.) - уште (прил.)

При распитот што инспекторот го извршил во гостилницата Црвен рид, а во врска со посетата на М. Ѓурев на гостилницата, беше наведено: Гостилничарот изјави дека тој лично бил на џамлакот и го следел доаѓањето на градскиот човек М. Ѓурев уште од моментот кога тој се појавил на ритчето, значи уште пред да почне да се спушта по патеката покрај редицата тополи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Замисли си, батка, ми дојде во празнична ноќ и ме викна да легнам со неа само за да ми соопштила дека не ме избрала мене за маж бидејќи добила подобра понуда, и тоа лично од оној кулак, Вражалецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи уште има живот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи уште воденицата работеше а и јас во неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи уште кога го промрмори она добро...добро... тој веќе беше седнат на мојот кревет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)