значи (чест.) - јас (зам.)

- Значи јас лажам! - уште повеќе се разгневи откачената Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отец Стефан се накашла, погледна во отец Пелазгиј, овој цинично се насмеа и промрморе, така што и логотетот слушна: „Значи јас попусто сум старешина на библиотеката, старешина на небото, морето и земјата!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи јас лажам. — Ти не лажеш, тие лажат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи јас сум ти била постара и од таа црква, или поточно таа и не била родена кога ме донеле за да ме остават пред нејзините двери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А до овој заклучок дојдов бидејќи имав чувство дека постојано се движам во сенката на тие заблуди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи јас не претпочитам премногу заблуди на едно место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Е, фала ти, му велам, значи јас треба да одам нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)