ете (чест.) - тоа (зам.)

Е, е, е, ете тоа се вели „роди ме мајко со к'смет — врли ме на патот".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете тоа е јас шо има да го кажа. Нека сјоде деот Петко. На негова душа, на негова бога.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете тоа си ти за мене совршено нешто..неповторливо.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ете тоа е она што другите не го увидуваат кога станува збор за овие реки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ете тоа е Шурда. Упорен. Тврдоглав. Јужњак. Индивидуалец со тапија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ете тоа го видов, најискрената вистина за светот со очите на ѓаволот ја видов и узнав: ни Соломон не бил сочинител на словото што му се препишува, туку незнаен некој поет, кој за грст златници мудроста своја му ја продал, чашата своја, за да преживее!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А што било тоа? Ѓавол да го земе, што било? Ете тоа било. Големо, во картонска кутија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
КУМОТ: Песна ја признавам онаа што кога ќе ја чуеш, дури и срцето ако ти е заспано да ти се пробуди. Ете тоа е песна!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете тоа се случи со нив. Ги стрелаа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа го донесоа и Јехуда Давидовиќ. Бенвениста Давидовиќ не можеше да го поднесе ова.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
– Ех! Ако знаеш. Сигурно го знаеш Бренското Чешмиче каде е. Ете тоа сакам да ми кажеш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А ти, зошто црташ? Ете тоа е бесмислено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А правејќи нешто бесмислено како што е цртањето, можеби ќе станат за твојот живот бесмислени и оние работи кои имаат смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ми биле сите добројани, изедени. Ете тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)