дури (чест.) - по (предл.)

А Бошка го викнаа дури по цел еден час.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни отворија дури по три дена и три ноќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Липите жолтеат и дури по некој лист паѓа долу на тротоарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го вратија дури по две недели, не се сеќавам, ама тоа време беше доволно целата работа да се забошоти“, рече дедо Најдо завршувајќи ја својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)