би (чест.) - помисли (гл.)

Екранот почнува да се полни со текст. Бедмен и Јанус зјапаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како сум можел дури и да помислам дека некој од нив би помислил во таа смисла на жена ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знакот беше топлиот чај врз твоите панталони, но кој би помислил на тоа додека авионот се тресе, јас, еве најискрено ти кажувам, не.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На едниот од екраните се појавува необичниот лик на Призрак, поправо точки светлина, би помислил човек пречки, снег, видео-арт...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури и оние за кои не би помислил дека можат да издржат трчајќи десет метри, сега бркаат некој бизнис.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навидум, разговорот беше најобичен, секој од нас се сеќаваше на по некое име или детаљ од некогашниот студентски живот, иако некако разгалено (можеби затоа што сеќавањата беа индиректни, без заемно учество).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)