барем (чест.) - навидум (прил.)

Веќе увидовме дека пред да се реши на овој чекор за судска заштита, Авдиќ неколку пати добронамерно се обиде да воспостави контакт со директорот, меѓутоа наиде на арогантен, крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот, барем навидум, воопшто не беше загрижен кога дозна за покренатата судска постапка против фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа што за другите, гледано от страна, очигледно или барем навидум беше кавга, за нив, во неа, не беше ништо друго освен расправа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега почувствува потреба да ја исполни барем навидум таа празнина со некоја туѓа содржина, па макар тоа да е чашка заборав во првото бифе на свиокот. 8.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)