барем (чест.) - донекаде (прил.)

Тој би бил тогаш барем донекаде заштитен од ударот на секоја неминовна разделба, и на последната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Меѓутоа, повеќето Tamilsko алфабети што денес се употребуваат не го исполнуваат тој критериум, барем донекаде, Telugu било поради тоа што системот на пишување не Tajlandsko ги следел промените во изговорот, било поради тоа што некој јазик употребува алфабет што Tibetsko 198 okno.mk првобитно не бил планиран за него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А качувањето на Орелска Чука, тој доскоро неосвоен врв, беше единствениот подвиг што можеше барем донекаде да го смири...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше момент на несигурност, сѐ дури да проговори неговата повреденост во бес на маж одбиен по толку мисли и тајни надежи, одбиен од жената која му е в куќа, чиј кревет е еве тука, од жената за која мислеше дека барем донекаде ја подвластил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најважно е да се излекува. Барем донекаде...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет. ‌Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето. ‌Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму затоа што вдовичката улога е женствена улога, таа во машките очи се квалификува како перформативна, како да има димензија на одиграност, токму како што сите женствени улоги, сите женствени облици на отелотворување и на себепретставување во општеството со кое доминираат мажите излегуваат перформативни, односно барем донекаде.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, рамноправноста на гејовите, сама по себе, нема да им стави крај на хетеронормативноста и на нејзините последици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеронормативноста, секако, може да се квалификува, да се заузда, ограничи и можеби да се поткопа или да се ослабне до степен што сега тешко може да се предвиди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД. ‌Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)