а (чест.) - не (чест.)

- А не ти пишало молба за да го родиш, му велат луѓето, кој се родил учен, бре Коте, му велат, а детето е уште мало за да знае и за да може да знае, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А не можеш да влегуваш подлабоко во машките бараки, да наѕираш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Притоа мисли на Србија и на Бугарија, а колку за Грција - со нив, со Грчиштата, поинаку треба да се разговара, машки, отворено, а не да се фаќаат владите една со друга под скутина, за никој да не ги виде кај се држат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А не е ни роден човек што би могол да ми го земе тоа право!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А не да викам, туку рикам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А не, - ми вели тој. – Тоа е веќе невозможно. Овој круг е затворен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беличот заклати глава: – А не, ако може обајцата, а ако не – ни еден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)