а (чест.) - бре (изв.)

Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А бре тија не знајат за исав, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ем да видиш, Доцо, ќе се чудиш. А бре, рацете да ѝ капнат на таа шо и везела?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бре ќешки ти да ме бесиш, токо јас би рекол никој никого да не беси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бре, колку пари. Колку ет мунасип.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бре сполај ти, чичко, токо којзнае дали и тебе Белоперевци не ќе те врзат ако дојдиме кај тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ни велеа дека сме биле ние христијани, а ние тврдевме: А бре брате, христијани сме, ами што сме!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А бре, дете, за кабловска вака одат на врата“, ѝ шепкам додека ѕиркам низ шпионката, а пред врата стои маж и се клати напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А бре, ти да не плетеш чорапи меѓу нозе, му вели и сѐ понаниско ќе му застануваат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, вие сте? Ние сме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, ти крстен ли си или не си, му велам, на кое име се оѕвиваш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, една девојка што те сакаше некогаш, му рекле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, ти со три пиштоли си родила дете, ми велат. Ехехеј, викаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, Кузе, знаеш ли ти, - се налути Нумо - дека јас немам 'рбет, ами стожер што не се свиткува?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Еј, ти, бре! А бре собуј ги чорапите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вујкото му рекол: А бре, внуче Лазо, зошто не го приберете детето, секој ден е на гробот на мајка му, само прета околу гробот правејќи дупки. Цело село го жали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Чудно, никогаш не ја слушнавме да каже: А бре деца, ме заморивте! Ниту да не удри ниту да нѐ проколне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги прашува таму луѓето: - А бре, да не видовте ѓупци, вели, да не видовте ѓупци да идат навака?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А бре, господ да чува и да брани!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А бре, види дали ми се отворени очиве, му велам. - Отворени ти се, ми вели, што зборуваш!״.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А бре, кој ќе нѐ чуе ваму, вели Јоше Свирачот, волците или вејвериците?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)