САД (скр.) - повеќе (прил.)

По ова, САД повеќе не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето на опстанокот на Велика Британија станало и прашање на независноста на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
14 По навлегувањето на германските сили во Романија и по нападот на италијанските сили на Грција, т.е. кога настаните на Балканот се нашле во средиштето на политичкиот и стратегискиот интерес, и покрај тоа што официјално не биле во војна, американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт го испратил на Балканот својот посебен пратеник, полковникот Вилијам Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)