ПЕН (скр.) - центар (имн.)

Бил редовен член на Македонската академија на науките и уметностите и член на Македонскиот ПЕН центар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од 2000 до2006 година бил претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бил член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Членувал во Македонскиот ПЕН центар.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште пообемна е неговата општествена дејност: бил секретар на Друштвото на писателите, секретар и претседател на Македонскиот ПЕН центар (сега почесен потпретседателот), основач и претседател на Граѓанскиот комитет за македонско-грчки дијалог и разбирање, основач и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (сега почесен претседател), член на бордот на Транспарентност Македонија, член на писателите при Универзитетот во Ајова, САД, главен уредник на издавачкото друштво „Стерна“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На 9 октомври 2007 година, Претседателот на Р Македонија постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и во зацврстувањето на македонскиот дух и на националната самобитност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)