сепак (сврз.) - бев (гл.)

Имаше толку многу длабочина во него, а сепак беше провидно, речиси како воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но сепак беше страшно: или, уште поточно, беше како вкусување на смртта, како да е малку помалку жив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа беше необична риба. Не беше ни златна ни сребрена, а сепак беше необична.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)