отколку (сврз.) - негов (прид.)

Поцрвенет во образите, затоа што тоа повеќе беше идеја на бабата отколку негова, дедото погледна накај ходникот, а таа во огледалото веќе му покажуваше со рака, што значеше „ајде, речи, речи конечно!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но кога заврши идилата на албанско-советското братство и нашата родна земја му остана повер­на на Сталин отколку неговата земја, исчезна засекогаш и гласот на нашата тетка од радио-брановите на Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше дури и работа, една синекура што беше платена многу подобро отколку неговата поранешна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи, додека ја пребаруваа земјата, сè уште го имаа оној внатрешен поглед кој на Кети ѝ откри многу повеќе за она за што размислуваше тој, отколку неговите зборови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)