отколку (сврз.) - друг (прид.)

Иако нивната желба беше да бидат широко прифатени од општата јавност, и со тоа да станат дел од општата култура, философиите обично беа предмет на расправа само во рамките на многу мал круг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа карактеристика се чини влијае на Деридината филозофија дури многу порадикално отколку другите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неуспехот на Деридината теорија и останатите теории да се симнат од “кулата од слонова коска” заслужува поелаборирана расправа отколку што можеме да посветиме овде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ја отфрли нејзината забелешка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Што значи ‘интелектуалец’? Тоа можеби, значи човек кој повеќе размислува за нештата отколку другите луѓе”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Веќе во петтиот месец, порано отколку другите деца, почна да го освојува просторот, слободата: лазеше низ одаите, низ целата куќа, а потоа и преку прагот на куќата во дворот; лазеше со таква брзина што на сите им влеваше страв.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа е скелетот на оваа лажна криминалистичка драма, која, сосема природно, се лизга од некаква црна сторија до травестија, осцилира меѓу метафизичка драма и гег, и уште поотворено отколку другите дела на Жене е проткаена со хумор, од почеток до крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сам кога ќе се удри човек, некако, како помалку да боли отколку друг кога ќе те удри.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тие најчесто зборуваа на јазикот на тишината, кој требаше да се учи со поголем напор отколку друг јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Перса појде до кујната по чинијата на Мурџо и откако ја накити со многу повеќе манџа отколку другите пати, излезе надвор само за да не се расплаче пред малечката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Можеби тоа беше причината да се оддалечите од Арафат, посебно по мировните преговори во Осло кога се наѕира вистинските контури на слободна Палестина, крај државата Израел, кога гаранти за иднината беа Ицак Рабин и Шимон Перез, мироносците Нобеловци, многу повеќе отколку другите израелски водачи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидувам да ги откријам тиранските обележја на Бургиба во однос на народот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каде се границите на легендата, а каде на реалноста? Јас по нив трагам во поезијата, можеби и затоа пишувам... Верувам дека тие постојат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За волја на вистината, Хабиб Бургиба ја промени судбината на Тунис, стори многу повеќе за својот народ под стегите на колонијализмот отколку други африкански владетели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние бевме блиски, зближени, многу повеќе отколку други­те семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)