откога (сврз.) - го (зам.)

И се усеќа, сирома, крив; откога го немам видено! Може цела година, ако не и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не беше порано таков, ама откога го отепаа сина му нема ден да не е пијан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога го посетува Советскиот Сојуз, кога е во искушение таму и да остане, и поминува уште една година во својата колиба во Норвешка, Витгенштајн се враќа во Кембриџ 1937 година, а една година подоцна, кога Германија ја анектира Австрија, станува британски државјанин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откога го доказа сето сторение негово, Силјан им се молил за и тие да му кажат од кај го познаваат и од кај го виделе, што му ги кажувале грешките како со очи да му ги гледале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Некои копии приватно циркулирале во тоа време, а се објавени дури 1958 година, со наслов „Сина и кафеава книга”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откога го удрив, го пожалив пусти штрк, ама се стори.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оттогаш, од минатата сабота, Лазор, кутриот, гори во треска, а Јосиф бдее над него, и дење и ноќе, и со разни лекарства му ги плакне раните и му ги ублажува болките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)