откако (сврз.) - мајка (имн.)

Поминаа пет години откако мајка ѝ умре, и веќе беше време, велеа луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Има ли некој в дуќан?” - ќе ѝ го поставеше постојано истото прашање, а откако мајка ми ќе му потврдеше, тој ќе ја наведнеше главата и ќе сркнеше од чајот што сега речиси постојано стоеше пред него. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мина, без малку, половина век откако мајка ми и Христина живееле под ист покрив во куќата на дедо ми Митре Скендеров.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И сега се сеќавам на тоа чувство на гордост што го имав утредента кога отидов на училиште, откако мајка ми и татко ми ми објаснија зошто не нарекуваат егејци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ама еден ден на порта чукна корофилак и откако мајка му отвори, тој праша на грчки: - Дома ли е стариот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)