откако (сврз.) - тој (зам.)

Само за ова време откако тој ја запознал во Пансионот, ѝ умреле двајца мажи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Круме Волнаровски ѝ беше единствениот близок човек на кој можеше да му се довери и да му се предаде целосно, особено во оној дел од денот во кој, откако тој се разведе со Роза, го минуваше во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаше меѓу нас нешто и пред тоа, но вистинските работи почнаа да се случуваат откако тој се разведе, а јас дел од денот минував во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Совеста ми е чиста. Се фатив со Крумета Волнаровски откако тој се разведе со Роза.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите години откако тој се оженил, Кети никогаш не излегла на прошетка, баш на прошетка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Приредбата се изведе со голем успех. Најпрвин говореше директорот, за големите успеси на училиштето откако тој стапил на таа функција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Всушност, Марија не знаеше во каква незавидна положба се најдоа мајка му и татко му на Хелвиг, откако тој се ожени за Марша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наташа се освести набрзо откако тој престана да ѝ ја цица крвта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој формално сфати дека ја пие крвта на сопствената ќерка, но тоа сознание беше толку оддалечено и непотребно, како кога би знаел дека некаде во Австралија паѓа дожд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во меѓувреме на Брчалото пак му дојде писмо во жолтеникав плик од Америка и, откако тој се осигури дека работите на Тумбица добро се одвиваат, пак се изгуби од Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа вечер, првата, откако тој конечно реши да си легне, вообичаено, отиде прво во бањата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Меѓутоа, сега, откако тој одамна имаше почнато да губи трпение и да станува сè повознемирен, таа на влезната врата се појави некако претивко, со наведнат поглед.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Боже, како лета времето! Веќе минаа над десет години откако тој остана вдовец.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А протопопот отец Петар, кој живее во Колиберда, кога кај него ќе се соберат некои петмина гости, тој секогаш вели дека не познава никого, кој така го извршува христијанскиот долг и така добро умее да живее, како Иван Иванович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)