откако (сврз.) - ме (зам.)

Телото ќе рече - душата ми згреши: откако ме напушти, еве, лежам сега, како студен камен в гроб...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Односно, не по своја желба, откако ме сопнаа, мислам бутнаа, тоа после, прво ме избраа…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Стомачето за инает за целото време додека бев излезена, остана дома, па кога дојде времето да си одам, откако ме немаше четири часа, тој се јави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби Симон се склонил зад вратата на оставата, откако ме посматрал од тремот, додека јас стоев во светлиот круг на дворот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веднаш откако ме погодила, тоа го дознав подоцна, Валери се свртела и пукала во Марио Амаја и го ранила во ногата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не, не можам дури ни да си претпоставам дека заборавил на каде се има упатено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или си вообразувам!? (А кого уште го има за да побара совет и помош?) Сега, на оваа нова раздалеченост од Ивана, сфаќам дека тргнал да налее вода од потокот (или веќе има налеано?) па откако ме забележал застанал да ме пречека!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Генералот ми се доближи и, откако ме праша како се викам и како сум, ми рече: - Вие сте татко на многу храбар син.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога лежев в болница осакатен од едната нога, до креветот ми застана еден мој братучед, и откако ме распраша за здравјето и ја исплакавме мојата нога, ми рече: - Е, сега браче, ќе дадеш мужде?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кои се тие нови податоци и кој ти ги даде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност се обидов да му разјаснам и да го замелушам, дека сега, откако ме запознаа во тие служби што тој досега ги искористувал сега мене повеќе ќе ми веруваат одошто нему!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но жената која можеби и беше тетка Боса, откако ме ослободи од прегработ кусо рече: - Пратив двајца да го зазборат! – А потоа многузначно ме погледна. – Сакав да сме сами кога ќе ти ја соопштам новината дека твојот братучед и вистински преживеа. – Зошто велиш дека преживеал кога и досега го сметавме за жив. (Го употребив зборот сметавме за да ја потсетам на досегашното нејзино тврдење дека Благоја е жив но да ја изразам и мојата подршка на нејзиниот ваков став иако верував дека братучедот Благоја одамна е мртов).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тврдев дури дека Грофот ми рекол оти многу ме цени!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако ме прегрна, продолжи да си ја гледа емисијата, велејќи: – Глеј, сине, пусти ние, што ни се случува во родната земја. Кијамет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А и откако ме исклучија од сиџилите во Државниот архив, кои ги открив и на кои им го жртвував животот, и шеќерот сѐ повеќе ми го згорчува животот, работите се јасни... – продолжи Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еда откако ме крдиса и спав рает, еда, не пристанував ноќта, не ме повтори уплавот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Прости ми, браче Мисајле, му велам после, откако ме пушти имелата, дали го извади забот, му велам. - Ене го, вели, и ми го покажува забот на подот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)