откако (сврз.) - почне (гл.)

Тоа беше на втората година откако почна ѕидањето; чатиите беа поставени и на општината и на училиштето, требаше уште само да се постават ќаремидите и да се изработи дрвенријата, подовите, вратите и пенџерињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Продолжија по дождот што откако почна да врне најсилно што можеше, спуштајќи измаглица секаде околу, се устали во рамномерно истурање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Велам раскин за подобро да го разберам (би требало толку нешта да разберам откако почнав да ја играм играва) тоа исчекување на влевањето на сите делови во една целина којашто можеби ќе ми се укаже во одблесокот на прозорското стакло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Впрочем, ги имаше постојано, откако почна да гледа вести, и тој некако се навикна на нивната апсурдност, па повеќе не ни обрнуваше внимание кога ќе слушнеше за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го кажав тоа бесно и гневно, не затоа што ми пречеа ората и народната песна, туку тоа што Луција не ме удостои со ниту еден поглед, откако почна состанокот на литературниот кружок.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(На жетварките, кои, откако почнаа со пеење, седат накрепени на прозорците и со половината внатре.) Ама се заинаетивте: не влеговте внатре да бендисам некоја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нејзиното бегање, во селото се коментираше на разни начини: некои велеа дека Полин откако почнал да јаде сè и сешто, во сонот испуштал невозможни крикови и гласови: врескал, рикал, квичел, мјаукал, завивал, крекал, шиштел, грачел, фрчел, прпал.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку. ‌Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, мораше да го промени своето мислење веднаш откако почна да се приготвува да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се чекаше откако почнаа да ни се јавуваат некои привиденија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)