одошто (сврз.) - денес (прил.)

Лествичникот, како животно пред борба, напнат во душата како мускул затегнат пред да испрати стрела во пленот свој, изглаголи: „Зарем ти, Филозофе, не рече дека порано, во дамнини дамнешни, луѓето со гласови, а не со зборови се разбирале, и поарно уште одошто денес, кога се служат со зборови?“ „Реков“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека бев во власта сигурно бев понаивен одошто денес.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)