но (сврз.) - сосема (прил.)

Матеј ни раскажуваше: „Нормално, пациентите умираат и тука, но сосема е поинаков третманот и условите“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И набргу самјакот веќе беше скорнат. Отскокна од под смреките, брефнувајќи така, што само во следниот миг сите смреки го имаа изгубено сиот свој окит и застанаа еден миг, затскриен зад нив и зад сиот тој развиорен снег, но сосема добро видлив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)