но (сврз.) - притоа (прил.)

Инаку во ред е кога чувствуваш дека низ главатати ти врват повеќе патеки, ѝ реков, треба да се допушти по нив да шета и дивото и питомото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но притоа бараме и ќе бараме од Неговото правителство цел ред реформи, кои ќе ни ги сочуваат најглавните интереси на нашето национално и културно развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поточно, ја изразувам согласноста дека она што луѓето го создаваат може да предизвика одредени последици, (се разбира, во ова мое сфаќање на последиците спремен сум да ги вклучам и појавите во физичкиот изглед, на што Борко посебно инсистира), но притоа внимателно додавам: - Твоево тврдење не смее да се прогласува априори точно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но притоа сепак ја предупредив дека треба да внимаваме и дека не смееме ништо да преземаме ако немаме отркриено какви се намерите на Пачев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)