но (сврз.) - понекогаш (прил.)

Има такво нешто кај нашите борци: се дружат, залченце тврдо и отпушок делат, се бијат и се плашат еден за друг, но понекогаш во себе сакаат да ѝ се потсмевнат на туѓата неволја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
МЕШАЕВ ВТОРИ: (На Љуба) Знаете, чудно нешто: ете - обидот на тој господин, и уште една прекрасна средба, која тукушто ја имав, ме потсетија, дека јас во свое време од немање што да работам се занимавав и со хиромантија, онака, аматерски, но понекогаш многу успешно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирен е во бескрајот песочниот океан, но понекогаш бура ги крева правливите бранови и во нив Едип еден ден исчезна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)