но (сврз.) - повеќе (прил.)

Знаеше дека греши, но повеќе сакаше да греши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот, сите добија награди, па и „Мањифико“, но повеќе како израз на гостопримство, а не поради успехот што го постигна на балканијадата, на која, очигледно, на „Мањифико“ не му беше местото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Проштевај, драг пријателе, што ти идам ненајавен и вака доцна. Но повеќе не можев да издржам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа знае дека учителот сака Арсо да го извлече од оваа запустеност овдешна, се радува, но повеќе ѝ е жал и мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Е, немаме – признава Зоки. – Но повеќе ништо не можеш да се пофалиш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но повеќе го немаше Фигаро да излезе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Имаше и клупа на која ги врежав моето и нејзиното име, но повеќе ја нема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не се уплаши, но повеќе од љубипитство се сврте натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тука е пепелта која еднаш беше, но повеќе нема да биде роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зборуваше со вистински занес, но тој занес беше сожалувањето што го почувствува за стариот мајстор, толку уважен, толку оцрнет, толку прочуен и затоа толку празен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)