но (сврз.) - истовремено (прил.)

Но истовремено, верна на принципот на двомислата, Партијата учеше дека проловите се природно инфериорни и дека мора да бидат држани во подредена положба, како животни, со примена на неколку едноставни правила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вера почнаа да ја фаќаат овие зборови на Пера, но истовремено како да чувствуваше некој стреж.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)