но (сврз.) - денес (прил.)

Напротив, „означителот на означителот“ го опишува движењето на говорот: се разбира, во неговиот искон, но денес се претчувствува дека еден искон чија структура се спелува на тој начин - означител на означителот- самиот се разнесува и брише во своето сопствено продуцирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа ќе бидат забележани и карактеристичните заемки: мегдан, мејдан (од арапски meydan), вид плоштад, во селата и градовите, но и место за одмерување на силите; sokak, улица, но денес се употребува само за означување тесна, калдрмисана улица (од арапски sokak); џаде, друм, државен пат (од арапски cadde); калдрма (од турски kaldirim).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но денес, дури и под претпоставка да можеше да биде воскресната од пепелот, фотографијата можеби немаше да претставува никаков доказ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски ќе забележи и солиден број заемки за називите на јавни градби, градени уште од времето на Османската Империја кои останале и со денешна употреба речиси во сите земји на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)