но (сврз.) - наш (прид.)

Но нашата партија има славно искуство, на крајот, ние ќе триумфираме, козите ќе ги победиме...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но нашево пеење е кукање, ќе речат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но нашите раководители замижаа пред вистината и востанието се зафати; се зафати славно за да се заврши плачевно и погубно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Волкот беше тука, Сталин не беше далеку, но нашите кози не беа сами.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Магарето пак трчаше, фрлаше чифте, клоцаше и сакаше како првиот јавач да го фрли, но нашиот „Марко Крале“ цврсто се држеше.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)