но (сврз.) - место (предл.)

Дури и Онисифор Мечкојад со почит ќе гледал во него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очекував дека овој ќе рече, остави го, ќе рече, не знае што зборува, тресе зелени, но место тоа, тој самиот прокркори од смеа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но место да чуеш ти радосна свадбена песна -тажачка слушаш да пекам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Човекот, не вртејќи се, се готви да воздивне, но место тоа шмркнува само.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое Сандански навистина наоружа стотини свои востаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но место тоа, тој запеал олцкаво и без зборови, со невиност во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)