но (сврз.) - спомен (имн.)

Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Времињата се променети, но споменот за Андалузија не живее со векови само во меморијата на Шпанците туку е вграден и во шпанската цивилизациска матрица, како оригинално шпанско богатство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Да го вратите времето? - Времето - не, но споменот – да...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Шпанија среќавав не само учени туку и обични луѓе, кои својата Шпанија ја сметаат за значајна алка помеѓу христијанството и исламот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)