но (сврз.) - ѝ (зам.)

На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Скарата ја гуши но ѝ дава смисла.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Немаше полза од тоа, ништо не менуваше, не произведе повеќе чоколада, не ја одврати смртта ни на детето, ни нејзината сопствена; но ѝ изгледаше природно да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)