но (сврз.) - ти (зам.)

Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво, на болниот му летна знак. . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нивните животи се посветени на освојувањето на светот, но тие исто така знаат дека војната треба да продолжи вечно и без победа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам прочитано некои од твоите написи што ги пишуваш за „Тајмс“ повремено. Сосем се добри, но тие се само преводи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ти си мртов, брате. Јас те видов пробиен со олово и со ишарана кожа од пламенот на агентската запалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но ти не сакаш да чуеш за тоа.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Им кажав за твоите зимошни маки во планината. Но ти подобро ќе им раскажуваш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што ми требаше да доаѓам со вас без да им се јавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но ти си осуден според воените закони, му велам, а не според некој мој параграф. — Вие можете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Можеби е така”, му рече Танаско, ”но ти не си веќе здрав да живееш по овие пештери.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога би бил гостин би ме почестила ли? - Се разбира, - вели таа. – Но ти не си гостин.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Сеедно, но ти веројатно одиш често дома кај него, нели?“ - ми вели и ми пика чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но ти мораш да заборавиш на тоа зашто инаку ќе ни пропадне одморот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)