но (сврз.) - нас (зам.)

„Точно е. Ти и мајка ми тоа добро го знаете, но нас, твоите родени ќерки, во заблуда нѐ држеше; го држеше и целото село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стаклото ја пушта светлината, но нас не нѐ пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како ја пуштиле дури ваму, но нас добро ни дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)